Власта се обидува да го партизира Советот за медиуми преку партиски кадри, велат од Алијанса за Албанците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-11-12-135901

„По обидот за фаќање на Советот на обвинители, сега партиите од коалицијата ВЛЕН, во соработка со ВМРО, сакаат да го фатат и Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни дејности, со двајца целосни партиски кандидати пријавени на конкурсот кои веќе ја поминале матичната комисија и се обидуваат да ги изгласаат и на пленарна седница“, велат од Алијанса за Албанците.

— реклама —

„Со прекршување на Законот и условите на конкурсот, комисијата за прашања на изборите и именувањата ја донесе листата на која се и двете кандидати Афрона Верзиволи и Нафие Селмани. Првата кандидатка на групата на Арбен Таравари, претходно номинирана за главен ревизор на ИПА фондовите, сопартиец и сопруга на претседателот на огранокот на групата на Таравари во Липково, Адријан Демири. Дури и на местото главен инспектор, каде што беше одбиена поради неисполнување на условите, Верзиволи и беше предложена на Владата како партиски кадар.

— реклама —

Другата кандидатка, Нафие Селмани, беше кандидат на Алтернатива за градоначалник на Град Скопје, кандидат за општински советник во Чаир како и на последните парламентарни избори, кандидат на оваа партија на листата за пратеници.

— реклама —

Евентуалниот избор на двајца кандидати предложени од владините партнери, како и на некои други членови блиски до ВМРО и други политички партии, значи скандалозна партизација на советот за медиуми, кој треба да биде независно тело. Слободата на медиумите и новинарите е еден од главните столбови на демократијата што не треба да дозволиме да биде загрозена од теснопартиските интереси на актуелната нелегитимна Влада“, се додава во соопштението на Алијанса за Албанците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

mepso

Алијансата за Албанците: ВЛЕН го отвора патот за српско влијание во стратешкиот енергетски сектор – скандал во МЕПСО

Македонија | пред 3 месеци

alijansa-za-albancite

Алијанса за Албанците: Дали Мицкоски ќе продолжи да го штити Меџити од обвинувањата за 450 илјади евра провизија?

Македонија | пред 4 месеци

sela-2

Алијанса за Албанците – крилото на Зијадин Села: Мицкоски со изјавата за УЧК ги провоцира Албанците

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2024-11-29-134250

(Видео) Алијанса за Албанците: МВР треба да ги открие и сторителите на палењето на албанското знаме, ВРЕДИ не се осмелува ни да го спомне

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања