Промени тема
Контакт

Власта се смета за уценета: Платите во образованието СДСМ ги зголеми и до 6.400 денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
skolo-uciliste-deca-knigi

„Потребата од достоинствено вреднување на трудот на наставниците е јасна и за тоа секој има разбирање. Но, најдобриот интерес на учениците е и треба да продолжи да биде врвен приоритет на секого, особено сега кога после ковид пандемијата се обезбеди континуитет во наставата. Наставниците треба интересот на децата да го стават на прво место а решенијата да се бараат преку социјален дијалог“, вели Даниела Колева, пратеничка и членка на ИО на СДСМ.

Таа додава:

— реклама —

„Особено што во изминатите 4 години, токму преку дијалог, платите во образованието и во детската заштита СДСМ ги зголеми од 3.200 до 6.400 денари.

Наставник во основно образование денес добива повисока месечна плата за над 3.200 денари, додека воспитувачките во градинките имаат плати повисоки за над 6.000 денари, споредено со периодот од пред четири и пол години, односно во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Покрај растот на платите, инвестиравме и во нови работни места. Во овој период во градинките се вработени над 1.000 воспитувачки, негувателки и помошен персонал а нивните договори ги трансформиравме на неопределено време.

— реклама —

Покажавме дека го цениме и вреднуваме трудот на оние коишто со години работеле со договори, на определено време и со драстично помали плати во времето на ВМОР-ДПМНЕ.

Со Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, закон кој ВМРО-ДПМНЕ цела година го блокира, обезбедуваме трансформација на работните односи и трајни вработувања за околу 4.700 наставници и стручни соработници во основното и средното образование.

— реклама —

Ако овој Закон се усвоеше при неговото поднесување, сега платите на наставниците ќе беа зголемени. Дополнително 4.700 наставници и стручни соработници ќе добиеја економска сигурност на работните места.

Ја покачивме минималната плата, двојно од времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Сите овие политики ги носевме низ дијалог со синдикатите, работниците и надлежните институции.

Така и ќе продолжиме, низ дијалог ќе најдеме решение со СОНК кое ќе биде во интерес на наставниците, на учениците и нивните родители.

Затоа, апелираме до СОНК и наставниците, да се водат од интересите на учениците, зголемувањето на платите во образованието и детската заштита да се реализира преку решение до кое ќе се дојде со дијалог“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Правосудството му служи на Мицкоски за кампања. Законот не важи за сите

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

СДСМ: Народот гледа што Муцунски договори во Софија

Македонија | пред 1 ден

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

„Црна Гора затвори уште три поглавја, Албанија едно, каде е Македонија?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања