Власта троши преку ЕЛЕМ и МЕПСО 65 милиони евра, да работеше на време, ќе поминевме 4 пати поевтино, алармира ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
vmro_dpmne

„Во изминативе неколку дена за набавка на струја се потрошени 9 милиони евра, мегават час е плаќан по цена и до 250 евра. Тоа е 4 до 5 пати поскапо отколку што би се потрошило доколку таа струја беше произведена во домашните капацитети“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Новите 65 милиони евра кои државата им ги отстапи на енергетските претпријатија се пари од кои дел како што и самите кажаа ќе се трошат на купување на скапа струја. Струјата која сега ќе ја купат да инвестираа на време во енергетските капацитети на државата ќе не чинеше и до 4 до 5 пати поевтино.

— реклама —

Оваа власт свесно ја донесе државата до состојба на енергетска криза. Оваа власт не може да ја извади земјата од хаосот во кој ја втурна. Потребни се промени. Брзи избори, и нова влада потоа“, додаваат оттаму.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања