Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Властите преку кратење на финансиите и негрижата за условите во градинките, свесно ги уништува јавните дејности“, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
gradinka-2

Згрижувањето на децата во градинките е многу значаен дел од животот и секојдневието на родителите. Во Македонија особено во Скопје сведоци сме на мал број на градинки, односно немање на доволен капацитет за згрижување на сите пријавени деца, а од друга страна постојат изградени градинки кои не се пуштени во употреба. Градската и централната власт во ова поле години наназад не бележат никаков прогрес односно напредок, вели Левица.

— реклама —

„Згрижувањето на децата во градинките е особено значаен процес за родителите , за децата, но и за самото општество. Во овие установи се градат навиките на децата кои се иднина на оваа земја, се згрижуваат до предшколска возраст, со цел родителите да бидат во можност да бидат дел од пазарот на труд.

— реклама —

Последниот немил настан со рушењето на покривот во градинката во Карпош е само потврда за негрижата на оваа власт,за децата кои се нашата иднина. Изградбата и одржувањето на градинките, условите во истите, кадарот кој работи во истите треба да биде највисок приоритет за обезбедување на мирно и среќно детство.

Понатаму кадарот кој е вработен во градинките е недоволен, групите на дечиња кои се згрижени се во голем број. Незадоволството од минималните примања на негователките и воспитувачките резултираше со штрајк, а кој дополнително беше непријатно искуство за штрајкувачите имајќи во предвид дека платата за штрајкувачкиот период не им е исплатена.

— реклама —

Со ваквата тенденциозна политика на досегашните власти, преку кратење на финансии од буџетот за јавните градинки и тотална негрижа за условите во градиниките, свесно се уништуваат јавните дејности, а се со цел стимулирање на приватни градинки, што претставува класна сегрегација. На тој начин, само децата на поимотните граѓани се привилегирани и можат да си дозволат приватни градинки, додека посиромашните граѓани ќе морат да се снаоѓаат како знаат и умеат.

— реклама —

Левица како работничка партија се залага за обезбедување на доволен број на градинки, но и овозможување преку иницијативи за бесплатни градинки на сите деца, без оглед насоциоекономската состојба на семејствата“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Има пари за службени возила, нема за мајките земјоделки - демографски загриженото ДПМНЕ против Предлог-законот за платено породилно отсуство за 38.000 жени земјоделки

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето - го преземаат и граѓанскиот надзор

Македонија | пред 1 ден

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: ДПМНЕ го отфрли и не сакаше ниту да дискутира за помали станбени кредити за младите семејства - за наталитетот ќе продолжат да се грижат со „бато и дада“ во читанките

Македонија | пред 2 дена

media-library42ebed95ucqh8JHGrNG

„Да не ти упаѓаат дома на проверка дали си навистина болен и да создадат предуслови за наталитет наместо да држат лекции за братче и сестриче“: Левица со два предлог закони

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања