„Влен“ против ДУИ: „Јавниот морал не се преговара – Ахмети да го повлече кандидатот“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

Коалицијата „Влен“ официјално се дистанцираше од кандидатот на ДУИ, Фатмир Дехари, за вториот круг од локалните избори во Кичево. Во своето соопштение до јавноста, тие ги демантираа шпекулациите дека нивното членство ќе го поддржи кандидатот на ДУИ, што претходно беше побарано од тетовскиот градоначалник и лидер на БЕСА, Билал Касами.

— реклама —

„Како коалиција побаравме Дехари да се повлече од изборната трка. Тој не го направи тоа, па секоја јавна поддршка е невозможна. Кичевци сами треба да ја донесат одлуката“, стои во соопштението на „Влен“.

— реклама —

Од коалицијата појаснуваат дека нивниот став произлегува од, како што велат, „големата дамка“ што ја следи кандидатурата на Дехари, алудирајќи на актуелниот секс-скандал во кој тој се споменува.

— реклама —

„Никој нема гласови во џеб. Одговорноста е на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој не го повлекол кандидатот. Јавниот морал не се преговара“, порачуваат од „Влен“.

— реклама —

Со оваа изјава, коалицијата јасно ја потврди својата одлука да остане неутрална во вториот круг во Кичево, одбивајќи да заземе страна во контроверзната трка меѓу кандидатите на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 седмици

Screenshot-2025-05-26-at-11.01.41

Градоначалникот на Кичево под истрага: адвокати инкасирале илјадници евра, иако општината има 37 правници

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања