Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Вложуваме во училишта, градинки, патишта, здравствени установи и социјални згради, вели Спасовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Screenshot-2021-10-02-140755

Посветено, отчетно и транспарентно СДСМ инвестира во сегашноста и иднината на државата, вели Илија Спасовски, носител на советничка листа на СДСМ за Ѓорче Петров

„Наместо во барок, во споменици и палми, вложуваме во училишта, градинки, патишта, здравствени установи и социјални згради. Сето она што значи унапредување на квалитетот на живот на граѓаните.

За жал ДПМНЕ и на овие избори не понуди ништо ново, туку кандидат кој со својот потпис како претседател на Советот на Ѓорче даде амин да се уништи овој парк и да се изгради зграда среде зеленило, потписникот на одлуката за изградба на споменикот-Ѓорче Петров на коњ, и секако да не заборавиме, и секако да не заборавиме, како поранешен пратеник кој добро го знае распоредот на Собранието, учесник во толпата за настаните од 27 април.

Нашите кандидати за градоначалници и советници се понуда за модерните развојни текови, нивната се излитени кадри кои биле дел од централната или локалната власт во времето на режимот.

— реклама —

Ние градиме темелно, тие мачкаат очи со стиропорни фасади кои се распаѓаат.

Во нашата програма нудиме стотина проекти, реални и остварливи, создадени со вас, заедно за подорбро и развојно Ѓорче.

СДСМ гради едно општество за сите граѓани , ВМРО-ДПМНЕ на секој чекор прави раздор.

— реклама —

Невработеноста од 42 проценти сега е намалена на 29. Растот на платите е зголемен за три пати.

СДСМ веќе 3 годни се бори за започне изградбата на Клиничкиот Центар во Ѓорче Петров, но ДПМНЕ упорно го блокира целиот процес во Собрание. Истовремено организира антиваксерски протести, се исмејуваа со маските и вакцините, шират лажни вести и паника.

— реклама —

ПОсле изборите ВМРО Дпмне очигледно сака да продолжи со режимот и потценување на граѓанинот за сметка на себе богатење.

12 е бројот кој е на страната на граѓаните. Затоа одлучно 12 за победничко Ѓорче“, вели Спасовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања