Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Ако бил договорен откуп на тутун, од каде се појавија 1.5 милиони килограми вишок

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
tutun20prilep-2

СДСМ се лицемерни и лажат. Ако увезениот тутун не го загрозува домашниот, зошто тогаш се намалуваат домашните договорени количини, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конфренцијата на Гоце Георгиевски од СДСМ

„Секоја година имаме се помалку договори за откуп на тутун. Тоа е резултат на увозот на тутун кој го дозволи СДСМ, што ја урна цената на домашниот, но и го намали откупот во целост.

Дека постои увоз на тутун говори и поранешниот министер Трајан Димковски, сегашен заменик, кој во свои настапи и пишувања признава дека се увезува тутун. И сето тоа додека домашниот стпи не откупен.

— реклама —

Доколку минатата година беше договарен откуп за целото производство, тогаш од каде се појавија 1.5 милиони килограми неоткупен тутун? Од каде вишок ако се било договорено?

— реклама —

СДСМ наместо да лаже и манипулира со граѓаните нека каже колку тутунари останаа без договори оваа година, поради што повикале второстепена комисија?

Ја видовме грижата на СДСМ за земјоделците, затоа во ек на светска криза за храна, кај нас депониите се полни со непродадени земјоделски производи.

— реклама —

Кризата во земјоделието што СДСМ ја создаде е целосно вештачка создадена од нивната неспособност. Потребна е промена на власта и влада која ќе работи на пронаоѓање и помош при пласман на земјоделските производи„, се вели во реакцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања