ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче се грижел за граѓаните немаше да се случат Онкологија, модуларната болница во Тетово и недостигот од вакцини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-libraryrhb9sbv0ki648OKTANs

Дали СДС воопшто делувала како политичка партија во седумте години власт или само како мрежа на поединци, кои ги користеле институциите за да си остварат бизнис планови? Кај Филипче инаку може да се забележи отсуство на било каква загриженост, за случајот со ,,Жан Митрев“, и како тој се обидел да ја преземе болницата преку финансиски притисоци, уцени, спогодби преку кои тој и Заев ветувале дека ќе влијаат во судски постапки, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„На сопственикот на болницата, Митрев, му било кажано дека ќе биде ослободен од обвиненијата против него, во судски спор кој тогаш се водел против него, но Филипче да ја преземе болницата, на легален начин, затоа што најмногу пари од Буџетот завршувале токму во таа болница, за што можеби и Филипче си ја подготвувал како профитабилен бизнис во иднина.

— реклама —

Филипче да беше малку загрижен за интересот на граѓаните, и за ресорот кој тој го водеше, немаше да му се случат Онкологија, модуларната болница во Тетово, немање вакцини за време на ковид пандемијата, и ред други скандали со кои е поврзан тој.

— реклама —

А за влијанијата во судските постапки, покрај тоа што мрежата на Заев како тогашен премиер целосно се инсталираше во судството, логично е да се праша, колку вакви случаи не завршиле со пресуда според закон туку со амин на Заев, и дали тоа е причината зошто ниту еден функционер на СДС не се плаши од истраги и одговорност?

За овој случај, за кој и јавно се произнесе и сопственикот на клиничката болница ,,Жан Митрев“ на национална телевизија, Филипче нема одговор, но затоа вчера на партиски Конгрес се обиде да спинува се што оваа власт сега прави за доброто на државата и да се продава како спасител, а самиот е причината за што здравството е на ова дереџе.

ЈО има обврска да ги испита индициите за изнуда и сомнежите за криминал за злоупотреба на службената положба“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања