ВМРО-ДПМНЕ: Ако Георгиевски е сигурен во своето домаќинско работење, веднаш нека покрене тужба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Boris-georgievski

За 103 дена да се реализираат налози во вредност од 11 милиони денари е практично и физички невозможно, вели ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Податоците се евидентни да и обичен лаик воочи дека е невозможно за само 103 дена да се исцрпат 7 милиони денари за реконструкција на улично осветлување и уште 4 милиони за инсталација на 15тина нови линии за улично осветлување.

— реклама —

Доколку Борис Георгиевски е сигурен во своето домаќинско и чесно работење уште веднаш нека покрене тужба за изнесените информации, бидејќи податоците говорат друго.

— реклама —

Јавно го повикуваме актуелниот градоначалник на Гази Баба да направи ревизија и да формира комисија за да ја утврди фактичката состојба на терен, бидејќи согласно нашите информации тврдиме дека не соодветствуваат записниците за реализирани работи на терен со фактичката и актуелна состојба на терен, а за што е потпишано од надзорот.

Еве ова е начинот на испумпување на парите на граѓаните. Цели 11 милиони денари.

Воедно, граѓаните следните денови ќе дознаат и за други сомнителни договори што се склучувани од кадрите на СДСМ, секако на штета на граѓаните“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања