Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во врска со уставните судии вели дека ако се партиски и политички како Кацарска јасно е дека нема да бидат прифатени
„ВМРО-ДПМНЕ нема против предлози кои се компетентни и стручни во својата област. Останува да проследиме кои се тие експерти од уставното право кои ќе бидат предложени.
Ако се партиски и политички решенија како што е самата Кацарска сосема е јасно дека нема да бидат прифатени.
Потребни се решенија за кои ќе има заедничка согласност дека се квалитетни и професионални“, се вели во соопштението.