Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Ако утре има избори – би освоиле над 60 пратеници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-library0fva8f94o2gbezIMzHj

Доколку утре се одржат парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ би освоила повеќе од 60 пратенички места во Собранието, тврдат од партијата, повикувајќи се на резултатите од локалните избори и споредбата со Донтовиот модел на распределба на мандати.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштуваат дека со освоени 550 советнички места низ државата и над 300.000 гласови, партијата е „апсолутен победник“ на локалните избори и дека резултатот е јасен показател за расположението на граѓаните.

„Народот го казни СДС и направи да биде на некои места низ државата, како и во градот Скопје, трета, четврта, па дури и петта партија по број на добиени гласови. Времето на работа, одговорност и резултати продолжува. Благодарност до сите кои го направија вистинскиот избор“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Според пресметките на партијата, ВМРО-ДПМНЕ има 12.000 гласа повеќе отколку на локалните избори во 2021 година, додека СДСМ изгубила над 111.000 гласа. „Ова е пораз кој најдобро ја отсликува недовербата на граѓаните во нивните промашени политики, неспособно владеење и неквалитетни кадри“, стои во соопштението.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека партијата има најголема поддршка во 59 општини и градот Скопје, а во мнозинството од нив и апсолутно мнозинство во советите, што, како што наведуваат, е доказ дека граѓаните избрале стабилност, развој и чесно работење.

„Граѓаните избраа пат на раст и развој, а не застој и пропаѓање. Со оваа поддршка, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека е партија на народот, што ги слуша граѓаните и работи за нив“, се наведува во партиското соопштение.

— реклама —

Од партијата повикуваат поддржувачите масовно да излезат и во вториот круг од локалните избори и, како што порачуваат, „да ја потврдат волјата на народот со заокружување на бројот 9 – со својот човек, за своето место, за својата иднина“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 10 часа

— реклама —
media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 11 час

media-librarytl4s1o9tc5madjcapdP

Од внатрепартиска пресметка до Обвинителството: ВМРО-ДПМНЕ бара предмет за хеликоптерите на Петровска

Македонија | пред 1 ден

media-library4mr90ecno7407VIyD4u

„Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања