Промени тема
Контакт

ВМРО ДПМНЕ: Американски институт се сомнева во Филипче – ги лажира бројките на починати од корона!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
w_56674000

Во Македонија на 100 илјади жители од корона се починати 482 лица. Оваа бројка ја објавува американскиот институт Хелт дата (Health data) и ја рангира Македонија на шесто место по смртност на 100 илјади жители во светот.

И не само тоа, американскиот институт анализира дека бројката на починати е два пати поголема од објавената или од официјалната бројка за која информираат надлежните во земјата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото се додава:

Значи, Филипче не само што не направи ништо во битката со короната, туку и го крие бројот на починати од корона!

— реклама —

Секојдневно има по повеќе од десеттина починати и покрај тоа што бројките на новозаболени се намалуваат.

И според Ворлдометар (Worldometers) Македонија на светската листа по број на починати на милион жители е четврта.

Сомнежите за работата на Филипче, сомнежот за лажирање на бројка на починати од корона е од американски институт.

— реклама —

Филипче кој мисли само на провизии, но не и за здравјето на граѓаните, сега и лаже за бројката на починати.

Затоа Филипче ќе одговара!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања