ВМРО ДПМНЕ: Аудио снимката од приведувањето на Стефан е доказ дека се работи за нарачка на Спасовски и Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
protest

Аудио снимката од приведувањето на Стефан е доказ дека се работи за нарачка на Спасовски и Заев. Од фрапантната аудио снимка направена при апсењето на Стефан Калошев се слуша како полицискиот службеник го малтретира, тепа и пцуе, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

— реклама —

Ваквиот однос на МВР на Спасовски со протестантите е доказ дека се работи за наредба и нарачка на Заев у Спасовски.

— реклама —

Кога полициските службеници беа прашани има ли основ за уапсењето, одговорот беше сигурно има, ова можеа да го слушнат сите од снимките кои беа емитувани во медиумите. Ова е доказ дека Заев и Спасовски ги ставиле во неблагодарна положба и полициските службеници кои морале да ги извршуваат нивните нарачки.

Тоа што МВР молчи е обид за стишување на скандалот.

Поднесена е претставка до Одделот за внатрешна контрола во МВР и очекуваме санкција и извинување.

ВМРО-ДПМНЕ не се плаши, а ниту народот се плаши.

4 години Заев, 4 години украден живот. Доста е!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања