„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

ВМРО-ДПМНЕ бара да се формира кризен штаб за итно постапување по препораките на УНЕСКО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
lagadin-novo

ВМРО ДПМНЕ бараат формирање на кризен штаб и итно постапување по препораките на УНЕСКО, по информацијата дека препорака на Унеско е Охрид да се стави на Листата на загрозено светско наследство. Според опозицијата ова е одраз на неспособноста и негрижата на власта за културното и природното наследство во целина.

— реклама —

,,Овој поразителен податок се наоѓа во најновиот извештај на УНЕСКО што ќе се разгледува на  43 сесија на Собранието на УНЕСКО кое ќе се одржи на 10 јули во Баку, а е објавен вчера. Охрид согласно овој извештај, во Баку ќе биде ставен на листата на загроезено сведско културно наследство. Овој срамен податок за Охрид е резултат на несоодветната културна политика и огромна негрижа за единственото подрачје во Македонија заштитено од УНЕСКО. Власта не спроведе во целост најголем дел од препораките на ретроактивната мисија на УНЕСКО од 2017 година.

Затоа, согласно ченовите 177, 179 и 180 од правилникот на УНЕСКО, Охрид ќе биде впишан на листата како  загрозено светско наследство во друштво на држави како што се Авганистан, Конго, Ирак, Палестина, Сирија и Узбехистан. Во извештајот УНЕСКО забележува дека подрачјето останува погодено од несоодветна градба со несоодветно урбано развивање и експлоатација на брегот, зголемено загадување, нарушување и уништување на животната средина и неконтролиран урбан развој. Едно од ветувањата на власта, воедно и препорака на УНЕСКО, беше дека во најскоро време ќе се направи попис на дивоградбите и нивно рушење. Но, се покажа дека бизнис интересите се повисоко на листата на приоритети од заштитата на Охрид.

— реклама —

Дополнително власта не успеа да ги спроведе ниту заклучоците кои што произлегоа од надзорната расасправа која што се одржа во Собранието, на тема состојбата со охридскиот регион, и успеа да го девалвира и највисокиот контролен механизам на државата. Охрид е едиствено место од нашта држава кое е впишано во листата на заштитени светски културни и природни наследства уште во 1979 година и за прв пат е загроезено. Очигледно дека оваа власт нема ниту капацитет ниту знаење во областа на културата. Ова е уште еден од низата на скандали поврзано со Министерството за култура и на Владата.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ предупредува и апелира веднаш да се формира кризен штаб за итно постапување по препораките на УНЕСКО. Според изештајот, подрачјето се соочува со неповратна трансфорамција на цекупната поврзаност помеѓу историскиот дел од градот, архелошките локалитети, придоното опкружување и самото езеро, што може да се надмине само со големи промени во управувањет, менаџирањето, планирањето и конзервацијата. Бидејќи власта се покажа како непособна да се справи со проблемот, ние се ставаме на располагање со сите свои капацитети да се вклучиме и да го спасиме ОХРИД.

Како Пратеничка група согласно заклучоците 9 и 10 од одржаната надзорна расправа бараме свикување на итна седница на Комисијата за култура на која што ке дискутираме за овој проблем“-смета оваа партија.

Инаку, Охрид за првпат откако е впишан како заштитено подрачја од УНЕСКО во 1979 година.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања