Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ бара и останатите плати во јавниот сектор да растат согласно растот на минималната плата, вели Кадиевска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
screenshot_13-2

„ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во Македонија е за се она и за секоја мерка што ќе значи зачувување на стандардот на граѓаните. Преку минималецот значи зачувување на куповната моќ на грааните. Имајќи во предвид дека инфлацијата расте, растат не само трошоци на храна, туку и електричната енергија, трошоците за домување. Меѓутоа од иста страна компаниите се погодени од ценовниот шок и тука растат и останатите трошоци за производство, пред се електрична енергија, гас, значи горивата, меѓутоа исто така и цените за останатите репро материјали, суровини. Знаеме дека на глобално ниво се случува се уште застој на испорака, зголемени транспортни трошоци и да не заборавиме дека се уште сме во пандемија и дека има и трошоци од пандемијата како отсуства на вработени од работа. Тука неодамна и законот за примената на недела неработен ден и повисоки дневници за тоа“,истакна Маја Кадиевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија „24 анализа“.

Кадиевска додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде за оној компромис кој што ќе го постигнат работодавачите и работниците.

— реклама —
— реклама —

„Како политичка партија ќе бидеме за оној компромис кој што ќе се постигне помеѓу работодавачите и работниците, односно синдикатот. Меѓутоа од ова студио објавувам дека исто така ќе дадеме и амандман на Законот за минимална плата, во кој што ќе побараме и останатите плати во јавниот сектор поради тоа што нели државата може тоа да го направи, е да растат согласно растот на минималната плата. Зашто би го направиле ова? Од проста причина што ако минималната плата за вработен хигиеничар порасне на 18.000 денари, би требало и платата на професор соодветно да порасне согласно овој раст, а не да остане иста“, нагласи Кадиевска.

— реклама —

Кадиевска посочи дека затоа во Собранието ќе се поднесе оваа иницијатива и се надева дека парламентарното мнозинство ќе ја прифати. Нека има правилен раст на платите, да не биде само ад хок зголемување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања