„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ВМРО-ДПМНЕ бара начин како да го исфрли Мијалков од партијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
42C39EB3-2014-481F-A5AF-8D28EDEC8068_w1023_r1_s

ВМРО ДПМНЕ се подготвува официјално да го исклучи од членство Сашо Мијалков, поранешен прв човек на УБК и личност која со децении во јавноста е експонирана како истакнат член на партијата.

— реклама —

„Скопје 1“ побара став од претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, но по речиси 20 часа чекање на одговор, добивме само коментар дека партијата ќе остане без коментар и нема да се огласи по ова наше прашање.

Овој процес, за кој според наши извори во моментов во ВМРО ДПМНЕ се размислува како тоа да се изведе, ќе почне наскоро, а поводот за исклучувањето ќе се бара во тврдења за поврзаност на Мијалков со осумте пратеници кои гласаа „за“ по предложените точки за уставните измени и наводна негова улога во обезбедување на мнозинството.

— реклама —

Еден од начините кој стоел како опција било исклучувањето да го бараат комитетите од Охрид, Струга и Вевчани, општини од каде дури 4 пратеници застанаа спротивно на партискиот став.

Во меѓувреме на социјалните мрежи и неколку портали почна медиумска кампања против Сашо Мијалков која непрекинато се спроведува веќе трет ден, а која е осмислена, со платени постови на Фејсбук и се води од лажни и реални профили на јавни личности, но и на Фејсбук страни каде се водеше кампањата за бојкот на референдумот.

ЦЕЛОСНО ПРЕКИНАТИ ОДНОСИТЕ И СО ГРУЕВСКИ СЕ БАРА ПРЕКИН И СО ПРОТОЃЕР

За прекинот на комуникацијата меѓу почесниот претседател Никола Груевски и новото партиско водство предводено до Христијан Мицкоски, „Скопје 1“ ексклузивно информира пред неполн месец.

Мицкоски од старите структури комуницирал уште со Мартин Протоѓер, но во „Белиот Дворец“ секојдневно расте отпорот кон Протогер и се бара и негово ставање на страна од партијата и партиските политики , брифираат наши извори од раководството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања