Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Коцевски: „Обвинителот е дискредитиран и без легитимитет“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
Screenshot-2025-03-16-at-11.16.03

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика државниот јавен обвинител Љубомир Коцевски да поднесе оставка, оценувајќи дека е целосно делегитимиран и дискредитиран како личност што треба да ја брани правдата.

Во партиското соопштение се наведува дека Коцевски ја изгубил довербата од јавноста, бидејќи, како што се посочува, не отвора предмети, не гони криминал и држи истраги „во фиока“. Оттаму додаваат дека довербата на граѓаните во правосудството е падната под 2 проценти, токму поради неговото однесување.

„Коцевски е делегитимиран и од Собранието. Со негласањето на интерпелацијата од страна на СДС се докажа меѓусебната заштита помеѓу тие што го поставија – од Струмица и Мала Речица – и потребата од негово останување на функцијата за да ги заштити од одговорност функционерите на СДС и ДУИ“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Од партијата прашуваат „со што се задолжил Коцевски кај СДС и ДУИ“ за да останува на функцијата и покрај делегитимирањето, како и „дали му значат повеќе личните интереси од правдата и владеењето на правото“.

— реклама —

„Импресивно е како Коцевски балансира помеѓу улогата обвинител и верен потрчко на Заев и Филипче. Очигледно правдата е на одмор, а срамот кај Коцевски е отсутен“, се наведува во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, државниот јавен обвинител не постапува ниту по предмети со јавни докази за криминал и корупција, поради што, велат, треба да ја прими пораката од народот и од парламентот и да се повлече.

— реклама —

„На Македонија ѝ се потребни реформи и целосна трансформација на правосудниот систем“, порачуваат од партијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања