Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Васко Ковачевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
vasko-kovacevski-1

Нема крај со фијаското во енергетскиот систем во Република Македонија, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните ги очекува големо покачување на сметките за струја заради неспособноста на власта, енергетските капацитети не произведуваат доволно електрична енергија, па затоа мора државата да купува многу поскапа електрична енергија од енергетскиот пазар, ама затоа Васко Ковачевски реши да удри по вработените во енергетскиот сектор кои за него се неподобни.

Наместо Васко Ковачевски веќе да ја имаше потпишано својата оставка, заради целосниот хаос во енергетиката, тој реши да брка работници во АД ЕЛЕМ.

Со потпис на неспособниот Ковачевски пред 20тина дена е донесен заклучок со кој се задолжуваат директорите на придружниците да достават список на работни места со број на извршители кои би биле испратени на принуден одмор или делумен прекин на работниот однос со кратење на платите во износ од 30%.

— реклама —

За да биде небулозата поголема, истиот ден Васко Ковачевски потпишува заклучок со кој бара да се ангажираат лица преку агенцијата за привремени вработувања кои би започнале со работа од 1ви Јануари 2022 година.

Намерата на Ковачевски е да бидат казнети партиските неподобни во ЕЛЕМ, а во исто време да бидат наградени партиски подобните лица преку договори за привремени вработувања.

— реклама —

Кристално јасно е дека казнети ќе бидат лицата кои немаат партиска книшка од СДСМ.

Трагикомично е оправдувањето на АД ЕЛЕМ дека се намалуваат непродуктивните трошоци на компанијата, дека заради енергетската криза и економската состојба на фирмата ќе се испраќаат вработени на принуден одмор, кога изминативе месеци стотици лица беа вработени во компанијата, а во исто време има и активен заклучок за нови вработувања.

— реклама —

Наместо Ковачевски да поднесе одговорност за својата неспособност, наместо Ковачевски да одговара за тоа што ЕЛЕМ го претвори во загубар поради неодговорното работење, тој удира по работниците.

Оваа постапка за делење на решенија за принуден одмор или прекин во работниот однос веднаш да се прекине, бидејќи во спротивно после промената на власта, ваквата политичка хајка која ја прави Ковачевски ќе биде ревидирана и за тоа Ковачевски ќе сноси одговорност“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања