Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ бара оставки: Системска корупција доведе до несреќа од 44 жртви

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2021-11-23-at-15.48.15

Системска корупција доведе до несреќа од 44 жртви, одговорност и оставки на Спасовски и Бочварски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Спасовски и Бочварски веднаш да си поднесат оставки, 3 дена по несреќата не се знае кој се е починат, а кој преживеан.

Автобусот на Беса транс немал потребна документација, тој поминал царина, поминувал полициски контроли, инспекторати и бил пропуштен во меѓународен сообраќај, не еднаш неколку пати, и ниту Оливер Спасовски, ниту Бочварски не наоѓаат вина кај себе.

— реклама —

Во автобусот очигледно немало ниту потребна опрема за спасување при несреќа, која опфаќа обични чекани за кршење на стакла, ниту противпожарни апарати.

— реклама —

Три дена по несреќата државата не располага со податоци кои лица се починати, колку луѓе имало во автобусот, колку се спасени. Оставени се и семејствата на починатите и јавноста на нагаѓањето на медиумите.

Се што требаше да се направи е да се побара список од компанијата кои луѓе се качиле во Македонија, колку од нив се вратиле и кои во кој автобус биле. За оваа проста операција на власта и требаат три дена.

— реклама —

Случајот изнесе на површина и дека во изминатиот период секакви возила биле пуштани во сообраќај, и за тоа мора некој да сноси одговорност“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања