Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ бара скалесто покачување на сите плати, вели Илиеска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
anastasija20ilieska

Кога ја зголемуваме минималната плата тоа е една скала која треба понатаму да се придвижи. ВМРО-ДПМНЕ смета дека треба да има рамноправност во зголемувањето на минималната плата и другите плати кои треба скалесто да се покачуваат, изјави Анастасија Илиеска од ВМРО-ДПМНЕ за „Топ Тема“ на Телма телевизија.

Илиеска истакна дека покрај тоа и пензионерите се оние кои што реално треба да имаат повисоки пензии со цел да ги сервисираат своите трошоци и не треба да бидат исклучени, бидејќи кризата е за сите тешка и сите живеат тешко.

— реклама —

- Реалноста е дека во Македонија граѓаните живеат тежок живот и колку побрзо тоа се признае толку побрзо треба да се најдат мерки кои на секој граѓанин ќе му бидат од помош и ќе му го помогнат животниот стандард, рече Илиеска.

Во однос на тоа дека власта се фали со покачената плата, таа истакна дека граѓаните со просечна плата сега можат да купат многу помалку и колку и власта да се фали дека ја покачила, граѓаните секојдневно се изложени на поголеми трошоци и просечната плата помалку им вреди.

— реклама —

- Без разлика што просечната плата се покачила вие за просечна плата сега може да купите помалку стоки Сите оние кои во 2020 и 2021 добивале просечна нето плата тоа би изгледало дека со просечна исплатена плата во 2020 сте можеле да купат 528 литри бензин, а во 2021 година 383 литри бензин што е 144 литри помалку. Ако земеме масло за готвење од 70 денари во 2020 ја достигна цената во 2021 година 100 денари и со просечна минимална плата во 2020 година сте можеле да купите 788 литри, а во 2021 година 447 литри, рече Илиеска.

— реклама —

Таа посочи дека граѓаните се изложени на дополнителни давачки, даноци, покачена електрична енергија и затоа владата треба да понуди мерки кои реално ќе помогнат, а не популистички, мерки, додавајќи дека минималната плата е социјална, а не економска мерка и има многу граѓани кои се исклучени од неа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања