„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

ВМРО-ДПМНЕ: Битолчани, Скопјани, Струмичани и Кумановчани се гушеа во канцероген воздух, дојде црн живот во Република Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
deca-autizam-zagaden-vozduh

Битолчани, Скопјани, Струмичани и Кумановчани синоќа се гушеа во канцероген воздух. Загаденоста во градовите достигна и до 328 микрограми на метар кубен, а Заев, Шилегов, Максим, Наташа и Коста не преземаат буквално ништо. Црн воздух, црн живот во Република Македонија. Секојдневно болниците ширум  државата се полнат со десетици граѓани со срцеви и  белодробни проблеми настанати како последица на аерозагадувањето, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Од партијата велат дека Зоран Заев пред повеќе од две години ветуваше чист воздух веднаш откако ќе ја преземат власта, сега две години подоцна, воздухот не е почист, напротив загадувањето се повеќе е проблем за граѓаните.

-Власта не презема суштински чекори во насока на решавање на загадувањето, од 7 милијарди евра колку што потрошија изминативе две години, ниту еден денар не одвоија за проекти и мерки кои ќе го намалат  загадувањето, но затоа одвојуваат 1.6 милиони евра за лубриканти, над 700 илјади евра за цвеќиња и кафе, илјадници евра за морски плодови и се делат милиони во четири очи. Наместо решенија за овој горлив проблем заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули шета низ Европа на чист воздух, а кога е во државата спие во собрание, се потенцира во соопштението на партијата од каде додаваат:

— реклама —

„Црната власт не презема ништо за подобрување на квалитетот на воздухот. Граѓаните не заслужуваат никој да ги завива во црно нивните судбини. СДСМ мора веднаш да си замине. Токму затоа ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат на протесните маршови низ Република Македонија.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања