Промени тема
Контакт

ВМРО ДПМНЕ блокираат закон кој воопшто не го прочитале, врв на незнаење и деструкција, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
vmro-1

Зачудувачка е леснотијата со којашто ВМРО ДПМНЕ блокира толку важен Закон кој воопшто не го прочитале,вели СДСМ.

„Со ова ВМРО ДПМНЕ го докажа и го достигна врвот на деструкција.

Доколку барем малку имаат искрена грижа за наставниците, ВМРО ДПМНЕ наместо да блокираат, ќе прочитаа и ќе знаеа дека со членот 21 од предлогот со измена на членот 66 од стариот Закон и додавање на нови членови, комплетно се дефинира платата која се состои од основната компонента и исклучителната компонента изразени преку бодови.

Значи основата компонента е различна зависно од кариерниот напредок и звањето на наставникот, а исклучителната компонента се изразува во членот 66-в.

Согласно членот 66-г, на наставникот кој реализира воспитно-образовна работа според наставен план и програми донесени согласно концепцијата за основно образование и воспитание, му се исплаќа плата во висина на плата за 40 часовно работно време во неделата, доколку има неделен фонд од најмалку 10 наставни часа.

Она што ВМРО ДПМНЕ не сака да го признае е дека со раст на минималната плата, ќе расте и платата на наставниците и стручните соработници во основното и во средното образование.

— реклама —

Пред да блокираат и демантираат, ВМРО ДПМНЕ ги упатуваме и на член 66-ж од Законор во којшто е наведено дека министерството и репрезентативниот синдикат склучуваат спогодба, со којашто се утврдува износoт на вредностa на бодот за пресметување на платите на наставниците и стручните соработници, а во рамките на предвидениот буџет и врз основа на вкупниот број на даватели на јавни услуги распоредени по соодветните нивоа за тековната година.

Вредноста на бодот за пресметување на платите на наставници и стручни соработници се усогласува со процентот на пораст на минималната плата утврдена согласно закон.

Наставниците не заслужуваат да бидат потценети, навредувани, а најмалку ВМРО ДПМНЕ да ги дели партиски.

— реклама —

Наместо да трошат време на препукување, пишување деманти и блокади со кои спречуваат раст на платите во образованието, нека го прочитаат Законот и конечно да престанат со постојаното блокирање.

Во прилог на запознавање на ВМРО ДПМНЕ е и линкот до Предлог законот кој е јасно и транспарентно објавен“, се вели во соопштението.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања