ВМРО ДПМНЕ: Богдановиќ станал гостин, откако беше фатен на лице место како крши закони и полициски час, што е дупло кршење на законите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Bogdanovic-3

Богдановиќ станал гостин, откако беше фатен на лице место како крши закони и полициски час. Оправдувањата на Саша Богдановиќ за кршење на закони и полициски час се неоправдани. Играчот Аска уште пред неколку дена е дојден во Скопје, а на 17-ти април настапил и на мечот во СРЦ Кале против Гостивар каде го има во официјалната статистика. Оттука неиздржани се оправдувањата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

— реклама —

Дополнително не е и не може да биде оправдување седењето во кафеана во полициски час, која е отворена специјално за него, работи само за него, и келнерите служат само за него.

— реклама —

Однесувањето на Богдановиќ е показател за целата аздисаност на СДСМ и е само продолжување на низата по возењето мотори на Заев и Филипче додека народ умира, летањето со хеликоптер, додека за народот нема ни болничко возило. Ова е забеганост од реалноста, која народот ја гледа и ќе ја казни.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања