Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ВМРО ДПМНЕ: Црвенковска е предлог на Заев и СДСМ, таа не е компетентна без ден судски стаж да именува, оценува и разрешува судии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Pavlina-Crvenkovska-2

Павлина Црвенковска за претседател на Судскиот совет е предложена од страна на Собранието, таа е предлог и кадар на Зоран Заев и СДСМ. Павлина Црвенковска како претседател на Судски совет ќе избира и разрешува судии, ќе ја оценува нивната работа, ќе одлучува за престанок на судска функција, а притоа таа нема ниту еден ден работен стаж како судија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Во продолжение на истото се додава:

— реклама —

Павлина Црвенковска е некомпетентна да одлучува за судиите и судското работење, таа нема минат труд, а уште помалку е компетентна да оценува работа на Врховен суд, што исто така спаѓа во нејзин делокруг на работа како претседател на Судскиот совет.

Единствен критериум за Црвенковска да биде избрана за претседател на Судскиот совет е очигледно нејзината партиска активност. Таа била шеф на кабинет на Бучковски, функционер во владите на СДСМ и очигледно човек од најголема доверба на Заев.

— реклама —

Заев и Црвенковска ги поврзува и пропаѓањето на Еуростандард банка, сопругот на Црвенковска исто како и Заеви земал кредит без покритие од Еуростандард банка, и со 400.000 евра покритие земал 1.6 милиони евра кои не ги вратил, објавија оштетените штедачи.

— реклама —

Како успеала Црвенковска исто како и Заев да стигне до милионски кредит без покритие? Која е шемата на кој е ограбувана банката и дали таква личност има кредибилитет да води и тело како Судскиот совет? Кредибилитет нема, а другите прашања очекуваме да ги одговори Црвенковска, но и ЈО.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања