Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ да ги продаде луксузните теписони и лустери во Белиот дворец и парите да ги врати кај граѓаните, бара СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
SDSM-KOVACEVSKI-ZECEVIC

„Најавите на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за засилени блокади во време на најголема светска економска криза се најнеодговорен чин, кога има постојан раст на цените на енергенсите, на цените на храната, во услови кога политичките субјекти од цела Европа се обединуваат околу наоѓање начини за заштита на животниот стандард на граѓаните и обезбедување доволно енергенси за претстојната зима“, вели СДСМ.

Оттаму додаваат:

— реклама —

„Преку судските процеси и директни признанија на високите функционери од ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните постојано сведочат како оваа партија трошела стотици илјади евра на скап мебел и опрема за опремување на Белиот дворец.

Ако ВМРО-ДПМНЕ вистински сака да направи било што конструктивно, нешто од интерес на граѓаните, наместо да се заканува и уценува со блокади и некаква радикализација нека ги продаде луксузните теписони и лустери во Белиот дворец и парите да ги врати кај граѓаните.

— реклама —

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои се грижат само за лични и партиски интереси, кои се противат парите да завршуваат кај граѓаните, СДСМ води политика за враќање на парите кај граѓаните, повисоки плати и унапредување на животниот стандард на граѓаните.

— реклама —

Ниту една уцена или обид за блокада нема да им успеат“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypeu1u1rdt5f5cn71SaP

„Нови 1,3 милијарди евра задолжување за подготовка на предвремени избори“, вели СДСМ

Македонија | пред 18 часа

— реклама —
media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

СДСМ: Мицкоски се смета за елита затоа што има часовници од 60.000 евра и скапи одела „Зења“ – останатите ги смета за „талог“

Македонија | пред 18 часа

media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните идиоти

Македонија | пред 1 ден

media-library2672l82he69g0mwZWZG

СДСМ со остри обвинувања до Мицкоски: „Баш арамија!“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања