Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Бучковски станал заложник на политиката на двоецот Заев-Филипче, заради амнестијата на неговиот криминал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
buckovski

ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција на изјавите на поранешниот премиер Владо Бучковски, обвинувајќи дека тој станал „заложник“ на политиките на поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, поради амнестијата за, како што велат, неговиот криминал.

— реклама —

„Да имаше Бучковски интегритет да го реши проблемот со Бугарија и евроинтеграциите, ќе го направеше тоа уште тогаш кога Заев и судско-обвинителската мафија му го амнестираа криминалот со тенковските делови и го поставија за преговарач“, стои во реакцијата на партијата.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека Бучковски ја искористил функцијата за лична рехабилитација наместо за решавање на спорот со Бугарија. „Доколку денес му асистира на двоецот Заев – Филипче, тоа е јасен знак дека зад ваквите изјави стои нечист политички договор,“ велат од опозицијата.

— реклама —

Партијата нагласува дека Бучковски останал еден од ретките кои јавно ги бранат политиките на поранешната влада, што според нив е „алармантен сигнал“ во пресрет на изборите. „Ова е најава за ново предавство кое СДСМ и истите луѓе ќе се обидат повторно да го спроведат. Затоа потребна е масовна казна на избори,“ се наведува во соопштението.

— реклама —

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека јавноста мора будно да ги следи сите потези и дека политичарите кои ја користат државата за лични интереси ќе бидат соочени со одговорност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 14 часа

— реклама —
media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 15 часа

media-librarytl4s1o9tc5madjcapdP

Од внатрепартиска пресметка до Обвинителството: ВМРО-ДПМНЕ бара предмет за хеликоптерите на Петровска

Македонија | пред 1 ден

media-library4mr90ecno7407VIyD4u

„Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања