Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Шилегов ќе сече лента на отворањето на дивоизградената платформа на Матка?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
matka1111

Дали Петре Шилегов ќе го видиме како сече лента на отворањето на дивоизградената платформа на Матка? Во загубена Република Македонија предводена од Зоран Заев нема да не чуди и тоа да се случи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Зоран Заев, централната и локалната власт со месеци најавуваа дека ќе се борат  против дивоградбите и дека ќе ги отстрануваат. Но, сведоци бевме како градоначалник од владејачкото мнозинство свечено ја отвори дивоградбата во центарот на Охрид кај чинарот, во сопственост на советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини.

Во ваква апсурдна ситуација единствен заклучок е дека СДСМ  јавно го одобрува никнувањето на дивоградби низ државата, затоа што позади нив се кријат политички и бизнис интереси  на власта.

— реклама —

Оваа неодговорна, неспособна и криминална власт е одговорна за тоа што Охрид наскоро може да го изгуби статусот во УНЕСКО. Нивното самоволие оди дотаму што на скандалозен начин во Собранието сакаат да протуркаат закон што не е ист со оној што беше презентиран на Сесијата на Комитетот за културно наследство во Баку.

Самобендисаноста и ароганцијата на СДСМ оди до таму што не ја презентираа вистинската и реална ситуација во Охрид, а тоа е бидејќи не беа способни да ги спроведат препораките на УНЕСКО.

Ова не го говори само ВМРО-ДПМНЕ, ова го тврдат и медиумите, експертската јавност  и невладините организации кои сериозно и будно го следат проблемот со охридскиот регион и неговиот статус во УНЕСКО.

Нејасно е и зошто со предложениот закон се предвидува во советот за охридскиот регион да биде именуван член од Министерството за политички системи и тоа тело одлуките да ги носи според Бадентерово мнозинство. Класично политизирање со културното и природно наследство на Република Македонија.

Ова е уште еден показател дека Заев е подготвен на политички пазар за се во државата па дури и за природното и културно богатство на Република Македонија. СДСМ и Заев мора што побрзо да си заминат за може што побрзо да се поправи штетата која секојдневно ја нанесуваат на државата“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања