Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

ВМРО ДПМНЕ: Државните лаборатории оставени без реагенси, за Филипче е поважно возењето мотори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
koronavirus-test

Секојдневно умираат по неколку десеттина лица, системот не организиран за да даде соодветен одговор, ама Филипче и Заев се „организирани“ и за викенд се одмараат, поточно аздисуваат. И така, само во Македонија се поставува прашањето за вакцини, или каде се вакцините, кога ќе стигнат? Во меѓувреме други земји вакцинирале по 20-30 проценти од населението, некои и до 60 проценти од населението, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото од партијата додаваат:

— реклама —

Само тука, исто така може да се постави прашањето дали има доволно реагенси, дали се прават доволно ПЦР тестови?

— реклама —

Прашањето за реагенсите, потоа за тоа дали има доволно термини за ПЦР тестови се поставува, замислете после повеќе од година дена корона во Македонија?!

— реклама —

Граѓаните се на почеток молат за термин за тестирање, ама очигледно нема. Срамно!

Тоа, е тоа што Филипче и Заев знаат да го направат да се забавуваат, ама не и да ја работат својата работа за која се платени од граѓаните!

Филипче и Заев веднаш одете си! Филипче и Заев ќе одговарате!

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања