Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

ВМРО-ДПМНЕ: Душко Весковски прави се за да го сокрие Шилегов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
thumbnail_pres1

„ЈП Водовод преку соопштенијата и прес конференциите кои ги прават призна дека Душко Весковски сторил кривично дело и дека најпрвин ја реализирал реконструкцијата на водоводната мрежа на ул. „Варшавска“ во месец август, па дури потоа на први октомври согласно документите кои што тие ги испратија како демант распишале тендер за да ја исплатат фирмата која го вршела градежниот зафат“, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Душко Весковски прави се за да го сокрие Шилегов. Еден во редицата докази дека Весковски и Шилегов направиле криминал е и барањето за надзор за изградбата на водоводната мрежа на од 24-ти јули 2020 година, односно неколку месеци пред да се распише тендерот за изградба. Најголем доказ дека фирмата работи без тендер е тоа што јасно надзорот кажува дека нема договор со изведувачот. Надзорот исто така наведува дека на 20-ти август водоводот се завршува и потоа отпочнала со реконструкција на канализационата мрежа. Весковски и Шилегов се фатени во криминал. Работеле без тендер, а потоа распишувале тендери за да го покријат сработеното од фирмите. Весковски со паничните прес конференции само сака да го прикрие и спаси Шилегов од се поизвесниот пораз кој го очекува. Криминалното работење на Шилегов како градоначалник фрла сомнеж за тоа како го стекнал својот имот во тек на функцијата која ја извршува, а за кој нема легално финансиско покритие. Јасно е од каде е имотот на Шилегов, јасно е дека работеле криминално. Само уште Весковски да сфати дека не треба да прави нови криминали да го прикрива првиот на шефот“, додаваат оттаму.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања