Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ е симбол за притисоци кон медиумите, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mediumi14

ВМРО-ДПМНЕ со години од позиција на власт корумпираше медиуми, а оние кои не можеше да ги поткупи ги затвораше и им вршеше невидени притисоци, вели СДСМ.

„Односот на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски кон медиумите и денес е ист.

Граѓаните и медиумските работници треба да знаат дека нервозниот Мицкоски лично се јавува по телевизии да влијае врз уредувачката политика, но тешко му оди бидејќи времето на Груевски и времето на притисоци кон новинари и медиуми заврши со доаѓањето на СДСМ на власт.

— реклама —

СДСМ и граѓаните никогаш нема да дозволи да се загрози слободата на новинарите.

— реклама —

Истиот Наум Стоилковски кој денеска шири лажни вести за Владата и поранешната 1 ТВ лично гостуваше во истата телевизија, исто како и неговиот шеф Мицкоски, исто како и Игор Јанушев и многу други од раководството на белата палата.

Ете го лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ, порано насмеани до уши гостуваа во 1 ТВ, а денес станаа мегафони на Боки 13.

— реклама —

Лажните вести не можат да го сокријат фактот дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата која е непријател и најголем штетник на медиумските права и слободи“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања