„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

ВМРО ДПМНЕ: Економијата е на дното, граѓаните едвај врзуваат крај со крај, а власта си изгласа покачување на платите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
vmro_dpmne

Црнилата кои ги донесе криминалната власт на СДСМ ја уназадија Република Македонија на секое можно поле. Заради економското цунами на СДСМ, Република Македонија бележи пад на листата за водење бизнис на реномираниот „Форбс“.

— реклама —

Како што тоне Република Македонија во корупција така тоне и во економијата, а тоа е една од забелешките на „Форбс“ покрај немањето слобода, невладеење на правото и непочитување на законите од страна на власта.

Ако во 2014 година Македонија се наоѓаше на високото 31 место, сега заради криминалната власт на Заев и СДСМ, земјава стигна дури на 68 место. Така наместо да ги привлекуваат инвеститорите тие секојдневно се повеќе и повеќе ги бркаат.

— реклама —

Економијата е на дното, граѓаните едвај врзуваат крај со крај, а власта си изгласа покачување на платите на Радмила Шекеринска, Кочо Анѓушев, Оливер Спасовски, Бујар Османи и Хазби Лика Нема 500 евра просечна плата, нема 100.000 плата за лекарите, нема повисоки пензии, но затоа има повисоки плати за функционерите од власта.

Додека власта си ги покачува платите, во исто време ги покачува даноците за граѓаните. ИТ инженерите, земјоделците, луѓето кои играат игри на среќа, граѓаните кои остваруваат доход од издавање под кирија на станбен или деловен објект, лицата кои имаат приход од капитална добивка сега ќе плаќаат повисоки даноци за да може вицепремиерите да имаат повисоки плати и за да може директорите во сите јавни претпријатија да добијат заменици кои државата ќе ја чинат над 2 милиони евра годишно.

Донесоа само живот за своите функционери и партиските послушници, а беда за граѓаните на Република Македонија. Овие црнила кои и ги нанесува СДСМ на Република Македонија мора веднаш да запрат. Многу скоро граѓаните ќе ги казнат Заев и СДСМ и ќе ја донесат зората во Република Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања