„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е канцерот на македонскиот здравствен систем

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје

Здравствениот систем од ден во ден се повеќе се распаѓа. Неспособноста на министерот излегува на виделина. Филипче е канцерот на македонскиот здравствен систем, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

– Филипче одлучи да ги префрла Детската кардиохирургија во приватна клиника и трансплантацијата на органи во приватни болници како да се од татко му. Филипче наместо да инвестира во јавното здравство за да се задржат лекарите во Македонија, тој решава да полни џебови на одредени поединци. Самиот министер и СДСМ со оваа одлука ги отворија вратите на нашите млади лекари на големо да си заминуваат од земјата, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека сето ова претставува уништување на се што е создадено во здравствениот систем.

— реклама —

-Министерот склучува договори во четири очи, се распаѓаат болниците, недоволно се обезбедуваат лекови за луѓето со ретки болести, едноставно со еден збор тој спроведе само еден проект „распад на здравствениот систем“. Ова е доволно да се согледа неспособноста на Филипче како министер и на владата која ја води аболицираниот Заев. Време е да се стави крај на ова црнило кое ја зави Македонија и опстојува повеќе од година ипол. Граѓаните со својот глас ќе стават крај на црнилото и на ракот на здравствениот систем, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања