Венко Филипче и Али Ахмети се синоним за криминал, корупција и негрижа за граѓаните и додека беа власт и сега додека се опозиција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„7 години СДС и ДУИ не направија ништо за државата и додека беа на власт државата беше оставена сама на себе, без систем, без одговорност, со многу криминал и корупција во секоја пора на општеството.
Филипче и Ахмети ги поврзуваат многу афери и скандали.
Ахмети зад себе има многу криминални афери вклучувајќи ги и скандалите со внук му Дрин Ахмети, како купување на трговскиот центар Соравија, концесијата добиена од државната ЕСМ за ископ на варовник и многу други.
Филипче се поврзува со тешки трагедии и несреќи како пожарот во модуларната болница во Тетово, несреќите како онаа во Бугарија и онаа кај Ласкарци. Несреќи во кои поради неодговорноста и пропустите на Филипче загинаа 75 лица.
Филипче и Ахмети повторно се обединети за свои цели и сопствена заштита. Пред 10 тина дена имале средба во Мала Речица каде се координирале за идно делување.
Филипче и Ахмети се координирале и нивните пратеници гласаа против системот „безбеден град“, против безбедноста на граѓаните во сообраќајот и нивните животи.
Единствена грижа на Филипче е грижата за себе и како да остане во фотелјата на Бихачка, додека сите останати па дури и неговите сопартијци му се виновни за се.
На конгресот на Филипче не присуствуваше една третина од делегатите доволно за да покренат барање за негова смена. Пратениците пак не му доаѓаат на седница што ја води Венко Филипче.
Интересот на Филипче и Ахмети не се граѓаните, туку зачувување на нивните политички и бизнис интереси.
ВМРО-ДПМНЕ останува доследна на политиките во интерес на секој граѓанин а не на поединци и политички елити, ВМРО-ДПМНЕ работи на заштита на човечките животи, безбедноста на граѓаните и безбедност на улиците“, се вели во соопштението.