Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија?

Во живо „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нервозен и во паника, СДС нема што да им понуди на граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Венко Филипче е видливо нервозен и во паника бидејќи и самиот знае дека СДС нема што да им понуди на граѓаните, Филипче нема кредибилитет, а рејтингот на партијата им се топи и е на маргините на политичката сцена, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС и Филипче знаат само за марихуана економија и стабри здравство, Владата на ВМРО- ДПМНЕ испорачува конкретни резултати, повисоки пензии, економски раст и нови инвестиции.

Во однос на ЕУ, граѓаните знаат дека СДС, Филипче и Заев се квислизите, а сега ВМРО-ДПМНЕ се труди да избоксува достоинствен пат кон ЕУ. Македонија е блокирана од Бугарија токму поради понизноста на СДС, на Заев, Османи и останатите.

— реклама —

СДС е таа, која прифати услов уставни измени, за кои немаа уставно мнозинство и ја ставија државата во ќорсокак.

Филипче да не се грижи, пензискиот фонд е стабилен и пензиите редовно и навремено се исплаќаат. За помалку од две години, пензиите се зголемени за околу 7.000 денари, што е значително повеќе од зголемувањето од 540 денари во првите две години од мандатот на СДС.

— реклама —

Во однос на горивата, во услови на најголемата енергетска криза, денес во Македонија благодарение на политиките на Владата имаме најниски цена во регионот и пошироко.

За разлика од владеењето на СДС и ДУИ, кои ги ограбија граѓаните, ја опустошија државната каса и ја оставија државата на раб на банкрот, сега макроекономската слика во земјава е стабилна.

СДС и ДУИ истрошија милионски буџети во државата, а немаа ниту еден значаен проект, немаа инвестиции, немаа нови фабрики.

— реклама —

Денес, Македонија има трипати поголем просечен раст од ЕУ. Во изминатите 27 месеци, односно 8-9 квартали од избирањето на оваа Влада, просечниот раст е над 3,5 проценти на реална основа во услови кога кај нашиот најголем трговски партнер, Европската Унија или еврозоната, тој се движи помеѓу 1 и 1,2 процент. Тоа е трипати повеќе во споредба со просечниот раст кај нашиот најголем трговски партнер.

Денес, интензивно се работи на гасното поврзување по Коридорите 8 и 10. Со јужниот и северниот интерконектор, Македонија ќе стане важна транзитна земја што ќе го поврзува терминалот во Александропулис со Централна Европа, создавајќи нови можности и дополнителни приходи за државата.

Исто така, Државниот завод за статистика ги објави податоците за увоз-извоз, и веќе втор месец од третиот квартал, покрај јули и август, имаме 11,5 проценти раст на извозот, 8,5 проценти раст на увозот. Значи, извозот побргу се зголемува отколку увозот.

Денес имаме позитивната динамика во економијата.

За разлика од безидејната СДС, која нема што да им понуди на грѓаните, Владата на ВМРО ДПМНЕ испорачува резултати, реализира проекти и носи инвестиции“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryiho10o6vj6m68OBE6oe

„Безобразието и навредите на СДС го достигнаа дното, веќе се зацементирани во талогот и нема назад“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
vmro_dpmne

ВМРО-ДПМНЕ го прозва градоначалникот на Зрновци: Нема ролер парк, нема пешачка патека, проблем е и водата за пиење

Македонија | пред 1 ден

filipce-zaev-haris-dzinovic-dubai

„Заеднички омилен пејач им е Харис Џиновиќ“ – ВМРО-ДПМНЕ ги прозва Филипче, Заев и Вучиќ

Македонија | пред 1 ден

media-library4mr90ecno7407VIyD4u

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се заплетка во сопствените лаги, излажа за анкетите, а сега и дека поседува автомобил од 6.000 евра кој го нема во анкетниот лист

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања