Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини СДСМ и ДУИ дека намерно ги палат депониите за да создадат хаос во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
Screenshot-2025-09-13-at-15.44.58

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека коалицијата СДС–ДУИ стои зад намерното палење на скопските депонии „Дрисла“ и „Вардариште“, со цел да создаде страв и хаос кај граѓаните.

— реклама —

„Криминалците од СДС–ДУИ, задушени од народниот пораз, решија да го задушат и Скопје, само за да го спречат доаѓањето на правдата,“ велат од партијата.

Во реакцијата се наведува дека „злосторничкото здружение прибегнало кон најопасни и криминални методи“ и дека палењето на депониите претставува свесно уништување на здравјето на скопјани.

— реклама —

„Со години СДС и ДУИ управуваа со ‘Дрисла’ и ‘Вардариште’. Тие ги поставуваа директорите, тие ветуваа фабрика за селекција на отпад и чист воздух. Единствено што оставија зад себе е смет, диви депонии и труење на луѓето,“ додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Оттаму посочуваат дека скопските градоначалници од нивните редови во изминатите години реализирале проекти за чистење и уредување на јавните површини и за воспоставување систем на селекција на отпад, а Владата започнала ревизија на еколошките политики и подготовка на нови проекти за модернизација на „Дрисла“ и затворање на дивите депонии.

„Како тоа баш пред локални избори почнаа да ‘горат’ депониите? Како тоа токму сега ‘Дрисла’ почна да загадува? Дали постои организирана структура зад ова?“ прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Партијата повика Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство да спроведат итна истрага и да ја утврдат одговорноста. „Граѓаните добро знаат: вистинската еколошка катастрофа се вика СДС–ДУИ,“ стои во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryai70uklb91bl95snuYp

СДСМ: Измените на Законот за јавни набавки отвораат простор за корупција и договори без тендер

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-librarydh478nk3bt4a8pTWIOs

(Видео) „На 13 ноември Скопје беше ослободено, а денеска е заробено од криминална власт“, вели Давчевски

Македонија | пред 11 час

media-libraryd284jdr2diucdSIroCj

„Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!“, велат од СДСМ

Македонија | пред 12 часа

media-libraryai70uklb91bl95snuYp

СДСМ: Со паузи власта ги спречи опозициските пратенички прашања

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања