Десет лица се огласија на конкурсот на ВМРО ДПМНЕ, пеку кој партијата бараше кандидат за претседателе. Една од пријавите била доставена по изминување на рокот, па останати се девет кандидатури.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски денес ги обелодени имињата на кандидатите кои ги исполниле условите:
-Никита Шектукоски, доктор по математички науки и редовен професор на природно-математичкиот факултет во Скопје, член на Институтот за математика;
-Ѓорѓи Манасков, машински инженер и претседател на Стопанската комора за енергетика на Македонија;
-Васко Костов, фармацевтски техничар;
-Влатко Ѓорчев, правник, пратеник во Собранието на Република Македонија и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ;
-Гордана Силјановска Давчева, редовен професор на Правниот факултет во Скопје, член на Институтот за правни и политички науки, катедра за уставно право и политички систем;
-Илија Димовски, професор во пензија на шумарски факултет при УКИМ во Скопје;
-Филип Петровски, доктор на политички науки и поранешен директор на Државниот архив;
-Горан Анѓелов, пратеник, поранешен градоначалник на општина Виница во два мандати и претседател на ЗЕЛС во еден мандат;
-Сашо Кутлешоски, доктор по земјоделски науки;
Кој ќе бие кандидат од ВМРО ДПМНЕ, партијата ќе одлучи на претстојната Конвенција на 16-ти февруари во Струга, откако кандидатите ќе ги претстават своите програми. Претходно кандидатите од 6 до 16 февруари ќе одат по општинските комитети за да ја претстават својата програма пред делегатите.
-ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможи на сите пријавени, еднаков пристап до ОК на партијата во периодот од 6-ти до 16-ти февруари, со цел презентација на нивната програма и визија за Македонија. Сите кандидати ќе имаат еднаков третман и еднакви можности да бидат избрани, согласно принципите и демократијата, истакна потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Владо Мисајловски.