Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ го честита големиот празник Рамазан Бајрам на сите верници од исламска вероисповед

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
kurban-bajram-2

„Со искрени желби за мир, среќа и благосостојба, ВМРО-ДПМНЕ го честита Рамазан Бајрам на сите верници што го слават! Овој празник нека биде потсетник на хуманоста, солидарноста и меѓусебното разбирање“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:

— реклама —

Овие денови се потсетник дека вистинската сила на едно општество се мери преку меѓусебната почит, разбирање и грижата за другите, вредности кои се втемелени во нашето општество и кои нè обединуваат без разлика на вера, етничка или друга припадност.

— реклама —

Во период кога заеднички се радуваме, но и во мигови на длабока колективна болка, како што беше неодамнешната трагедија во Кочани, уште еднаш стана јасно дека солидарноста, подадената рака и чувството за заедништво се вкоренети во духот на нашиот народ. Токму таа сплотеност и меѓусебна грижа се темелите врз кои ја градиме посветената, праведна и одговорна држава што сите ја заслужуваме.

— реклама —

Нека вредностите на разбирањето и почитувањето, кои се основа на Рамазан Бајрам, бидат водилка и во градењето на праведно, просперитетно и квалитетно општество за сите граѓани.

Честит Рамазан Бајрам!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

bajram

Денеска се прославува Рамазан Бајрам

Македонија | пред 1 година

— реклама —
Нема фотографија

Како се честита Курбан Бајрам

Трендови | пред 2 години

gabriel-bajram-1

Габриел Бајрам ќе остане уште 30 дена во затворот во Шутка, судот се сомнева дека ако го пушти ќе избега

Македонија | пред 4 години

nciekfkwrml819bwf0tg

Договорите за струја во ГТЦ двојно помали, откако Бајрам престана да „копа“ биткоини

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања