„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните секојдневно дишат отров наместо чист воздух, тоа за СДСМ нема значење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Република Македонија со месеци се гуши во загаден воздух, а СДСМ максимално го игнорира овој проблем. Здравјето на граѓаните кои секојдневно дишат отров наместо чист воздух, нема никакво значење за СДСМ, Зоран Заев и Петре Шилегов, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Нивото на канцерогени ПМ10 честички во воздухот е неколкукратно над дозволеното, а власта мува не ја лази. Веќе неколку месеци мерните станици во неколку скопски општини не работат. Наместо мерки против загадувањето СДСМ предлага мерки против граѓаните од сиромашните и средните слоеви.

СДСМ, Заев и Шилегов не се способни да решат еден проблем и затоа ВМРО-ДПМНЕ предлага неколку мерки за справување со загадениот воздух. Итно зголемување на мерните станици ширум Македонија, субвенции за набавка на електрични автомобили и печки на пелети, субвенционирање сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства, забрана за употреба на петрол и кокс“, велат од партијата.

— реклама —

Според нив, МВР мора го пренасочува движењето од централните градски подрачја на товарните возила и градежните машини, во услови на зголемена загаденост. Мора да се забрза процесот на гасификација кое беше едно од клучните предизборни ветувања на СДСМ како редовна контрола од надлежните инспекциски служби на котлите за горење и оџаците.

„Граѓаните мора да добијат бесплатен градски превоз додека трае загадувањето, а инспекциските служби, како на државно, така и на локално ниво, да работат на пронаоѓање на загадувачите во зимски услови 24 часа. Дивите депонии мора темелно да се чистат, а граѓаните да добијат бесплатна здравствена заштита доколку се утврди дека се директна жртва на аерозагадувањето.

СДСМ ја завива државата во црно. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани кои не се согласуваат со оваа ненародна и деструктивна политика на СДСМ и Заев да се придружат на денешниот протест во 17 часот од плоштадот ВМРО до Владата на Република Македонија.

Граѓаните не заслужуваат никој да ги завива во црно нивните судбини. СДСМ мора веднаш да си замине“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања