Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги блокираат активностите на владата во Собранието, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sobranie-6

Целата политика на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се состои во тоа да ги блокира активностите на владата во Собранието, да шири дезинформации и неосновано да бара предвремени избори,вели СДСМ.

„Во време кога државата се соочува со енергетска криза, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ наместо да понудат решенија бараат предвременипарламентарни избори за дополнително да ги закочат процесите и економијата да стагнира.

— реклама —

Тоа е неодговорно, нечесно и себично однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на штета на граѓаните и економијата.

Граѓаните се уморни од избори и тие како и стопанството очекуваат поддршка во справување со кризата а не нов изборен процес каде со месеци секоја помош би била закочена.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ со своите деструктивни активности само ја одржува конфликтноста во земјава и создава неизвесност која негативно влије и врз процесот на нашето евроинтегрирање и врз довербата на странските инвеститори. ВМРО-ДПМНЕ има еден клучен проблем а тоа е недостаток на чувство за државност.

— реклама —

Предвремени парламентарни избори нема да има, Владата има полн легитимитет кој го црпи од резултатите од изборите во 2020 година,редно е по повеќе од 15 години Владата и парламентарниот состав да заокружат полн мандат од четири години“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања