Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Има ли криминалец другарче на Заев што е во затвор?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
120190420_222336

Рашковски наместо во притвор, на прошетки, има ли криминалец другарче на Заев што е во затвор?, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

„Рашковски е фатен до гуша во криминал. Сите информации говорат дека инфлагранти местел тендери. Му беше фатена комуникација од која произлегува дека прикрива докази, а тој наместо во притвор или затвор се шета на слобода. Ваков третман немаат други притвореници, само притворените луѓе на Заев, кои очигледно не се знае ниту дали се во притвор.

Дома наместо во затвор е и Катица Јанева, а низ државата дивее и осудениот за рекет.

— реклама —

Наместо во притвор во домашен е и поранешниот командир на полициската станица во Прилеп кој беше фатен заедно со шоферот на Заеви како шверцува дрога.

На слобода е и шверцерот Боро Марлборо, а од затвор на редовна линија им бегаат затвореници.

Ден Дончев кој беше фатен со туце пари отиде во Австралија, а одговорност нема за ниту еден криминалец.

— реклама —

На народот му е преку глава од криминалците на Заев, одговорност мора да има за сите. Наскоро сите криминалци ќе се соочат со правдата, а тогаш и Заев ќе одговара кој и зошто ги пуштал на слобода“; стои во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања