Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ: Ивановска да ги обелодени политичарите кои кријат имот, a ЈО да истражи дали е купен со парите од криминалните тендери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
ivanovska

Првата антикорупционерка потврди дека функционери имаат имот кој не го пријавуваат, ЈО да истражи дали е купен со парите од криминалните тендери, вели ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на изнесените ставови на Билјана Ивановска

„Билјана Ивановска, претседател на ДКСК вечерва во интервју за една национална телевизија кажа дека знае функционери кои имаат имоти кои не ги пријавуваат, т.е. се врз други лица.

Во изминатиот период имавме бројни скандали и корупциски афери, од кои гледавме како од власта се испумпувани пари преку тендери, набавки се плаќани неколкукратно поскапо од тоа што чинат, изјавата на Ивановска само потврдува дека тие пари завршиле во купување на имот, кои функционерите го кријат

— реклама —

Доколку Билјана Ивановска како прв антикорупционер во државата знае за политичари кои имаат имот, а не го пријавеле, т.е. е запишан врз други лица, таа од позиција на институцијата на чие чело се наоѓа треба веднаш да поднесе кривични пријави против истите и да ги обелодени пред јавност.

— реклама —

Од изјавата се добива впечаток дека Ивановска точно знае кои лица кријат имот. И таа мора да ги обелодени.

Ја повикуваме Ивановска да ги обелодени политичарите кои кријат имот пред јавноста, а ЈО да ја повика Ивановска на разговор и да отвори постапка по допрен глас.

— реклама —

На граѓаните им е преку глава од функционери кои преку ноќ стануваат богати, на сметка на нивните позиции и со злоупотреба на функцијата. Одговорност мора да има“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 10 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 10 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања