Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ избра претседатели на повеќе комисии, еве кои членови се избрани...

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
vmro_dpmne

На вчерашната редовна седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ беа донесени неколку кадровски решенија. По одлука на ИК, а по предлог на комисиите за селекција на претседатели и кандидати избрани се членови и претседатели на повеќе комисии.

За претседател на комисија за надворешни работи е избрана доц. д-р. Христина Рунчева Тасев, доцент на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје, доктор на правни науки, насока Уставно право. Рунчева Тасев има објавено 30- тина трудови во домашни и странски списанија од областа на правото и политичкиот систем. Рунчева Тасев говори англиски и германски јазик.

За претседател на комисијата за здравство е избран доц. д-р. Синиша Стојаноски, доцент на Медицински факултет - Скопје, насока патофизиологија и нуклеарна медицина. Стојаноски во минатото бил и претседател на здравствена комисија на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, како и претседател на комитетот.

За претседател на комисијата за култура е избран Зоран Љутков, вработен во Драмски театар - Скопје. Љутков глуми во повеќе театарски претстави, а учествува и во телевизискиот серијал „Петко“. Љутков е и Селектор за драмската програма на Меѓународниот Фестивал „Охридско лето“.

— реклама —

За претседател на комисијата за локална самоуправа е избран Марјан Ристески, дипломиран економист, поранешен градоначалник на општина Прилеп во период од 2005 година до 2017 година. Ристески е член на ВМРО-ДПМНЕ од 1993 година, бил претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, член на ЦК и ИК на ВМРО-ДПМНЕ во минатото.

— реклама —

За претседател на комисијата за спорт е избран доц. д-р. Влатко Неделковски, доцент на Факултетот за физичко образование спорт и здравје.

Неделковски бил тренер на многу ракометни клубови во Скопје, предавач на центар за едукација на ракометни тренери на РФМ, како и спортски директор во Академија Пандев Струмица 2017/2018.

— реклама —

Покрај претседателите, се избрани и членови на истоимените комисии. ИК на ВМРО-ДПМНЕ дискутираше и за моменталната економско-политичка ситуација во државата. Нотирано е дека власта врши политички реваншизам и ги злоупотребува институциите. Најстрого е осудено апсењето и притворање на Димовски, Митески и другите гонети во политичкиот процес од страна на власта, кој има за цел дефокусирање на јавноста од реалните проблеми.

Беше констатирана и лошата економска ситуација во државата и стагнацијата која ни се случува на секое поле. ИК на ВМРО-ДПМНЕ нотира дека државата нема просперитет со СДСМ на власт и потребно е нивно итно заминување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 7 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања