Прес-конференцијата на Филипче е доказ за коалицијата меѓу СДС, Левица и ССМ. Дополнително, ниту има технички спремен Закон, ниту има предлог решение како би го спровел овој Закон, ниту пак знае колку финансии би биле потребни за овој Закон што го предлагаат, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на изјавата на Венко Филипче.
„Навистина е срамно, лицемерно и некоректно од Филипче и СДС, да излегуваат со популистичка мерка – 600 евра минимална плата, но на следното прашање – тој нема одговор.
Човекот кој има вила во Нерези, стан во Дубаи, Ауди на поклон од фирма која и доделил тендер, земјиште со фотоволтаици во Дојран, фирми на негово име и на членови на неговото семејство, кој не успеа да се справи со КОВИД кризата и енергетската криза, дели памет што требало да се направи за граѓаните.
Нејсе, граѓаните навремено ја прочитаа нечесната намера на Филипче и СДС, затоа и се партија со 130.000 гласови. Доброто за граѓаните е тоа што ВМРО-ДПМНЕ е на власт, се покачуваат платите и пензиите, се работи на инвестиции и подобар и поквалитетен живот за граѓаните“, се вели во реакцијата