Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ ја манипулира јавноста со вредноста на АД Славија, тврди СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Slavija-2

„ВМРО-ДПМНЕ ја манипулира јавноста со вредноста на АД Славија, а токму оваа партија го раскрчми нејзиниот имот Не престануваат обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку разни конструкции да се изземат од одговорноста за раскрчмување имотот на АД Славија. Факт е дека вредноста на АД Славија драстично е опадната во периодот 2012 – 2017 година кога имотот се цепкал и продавал по пониски цени“, велат од СДСМ.

— реклама —
— реклама —

„Факт е дека во тој период распродадени се над 70 отсто од имотот на АД Славија. Денес портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ ја манипулира јавноста прикажувајќи ја само приходната страна од сметката, а не и расходната. ВМРО-ДПМНЕ има целосна одговорност за состојбата во која денеска се наоѓа АД Славија. Со тајни продажби, зад затворени врати по неповолни и ниски цени се распродавани десетици дуќани и најатрактивни локали, некогашни маркети на Славија, во Скопје и низ целата држава, кои денес се сопственост на приватни компании, дел од нив блиски до опозициската партија. Наместо да шири лаги, ВМРО-ДПМНЕ треба да им објасни на граѓаните зошто за 12 години не го решила проблемот со Славија, туку тајно, по неповолни цени, распродала две третини од нејзиниот имот“, додаваат оттаму.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања