Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ ја осудува хајката против Пецаков, бараат кривични за Ковачевски и Зечевиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Pecakov

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид јавно ја осудува хајката којашто се води против градоначалникот Пецаков додека властите молчат за премиерот Ковачевски, велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

„Ја информираме јавноста дека се работи за политички монтирани случаи за градоначалникот Кирил Пецаков и секретарот Александар Китески. Сагата продолжува со избрзани и неосновани кривични пријави од страна на СВР Охрид. По партиска директива не дочекаа ниту да им заврши изолацијата и покрај добиените негативни тестови, па да ги повикаат на информативен разговор. Прашањето е како успеаја да ги соберат информациите и податоците без изјави особено од засегнатите страни, за така да ја состават кривичната пријава и да ја достават до надлежниот јавен обвинител?

— реклама —

Кривичните пријави не се ништо ново, туку продолжување на серијата за партиското делување на МВР.

Доказ за тоа е дека Ковачевски и Зечевиќ ги изложија на ризик граѓаните, а за таквите чекори властите молчат.

— реклама —

Зошто за МВР во овие случаи нема постоење основи на сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија?

— реклама —

Факт е дека Ковачевски наместо во изолација при тестирање за патување во Бугарија беше пред камери, даваше изјави и се фотографираше на настани. Институциите наместо да бидат во служба на СДСМ, треба веднаш да поднесат кривични пријави за Ковачевски и Зечевиќ“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања