Промени тема
Контакт

ВМРО-ДПМНЕ ја претстави стратегијата ‘Македонија 2030’ – шест стожери за стабилна и современа држава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-librarynbsgr5oe8ol881HSycf

ВМРО-ДПМНЕ на својот 18. конгрес усвои нов стратешки документ за развој на државата во следната деценија, под називот „Ново поглавје – Стратегија Македонија 2030“. Според партијата, оваа стратегија претставува јасно определување за долгорочен државен развој и ја позиционира ВМРО-ДПМНЕ како политичка сила подготвена да преземе државничка одговорност.

Во образложението на документот се наведува дека државата мора да излезе од цикличните импровизации и краткорочните мерки, а да воведе систем на управување кој се темели на силни институции, конкурентна економија и вредносно стабилно општество. Стратегијата опфаќа нови области што, според партијата, ја подготвуваат Македонија за иднината – национална стратегија за вештачка интелигенција, политики за сајбер-безбедност, геоекономска дипломатија и создавање државен инвестициски Фонд за иднината кој ќе поддржува технологии, иновации и научни истражувања.

— реклама —

Главната цел, според документот, е до 2030 година Македонија да стане држава со институционална зрелост, економска сила и стабилност во која идентитетот не се условува, туку се почитува.

Стратегијата опфаќа шест клучни стожери:
Првиот се однесува на националната безбедност – модерна армија, развиена сајбер-заштита и систем за справување со хибридни закани.

— реклама —

Вториот стожер е економската конкурентност, со нагласок на создавање економија заснована на знаење, технологија и иновации, промена на моделот на евтина работна сила, поддршка за домашните компании, стабилни даноци и зелена енергетска транзиција.

Третиот стожер е правната држава – независно судство, департизирана администрација и механизми за системска борба против корупцијата, особено преку дигитализација.

— реклама —

Четвртиот стожер се демографските политики, со акцент на поддрška за младите, програми за поврат на дијаспората и подобра грижа за постарите лица.

Петтиот стожер ја опфаќа европската интеграција и надворешната политика, заснована на партнерства со јасно дефинирани позиции – поддршка за европскиот пат, но без условувања кои го допираат идентитетот и достоинството на државата.

— реклама —

Шестиот стожер ги опфаќа образованието, културата и националниот идентитет, со вложување во модерни учебни програми, дигитални кампуси, научни проекти и заштита на македонскиот јазик и културното наследство.

Од партијата порачуваат дека „Македонија знае, може и мора многу повеќе“, а новата стратегија ја претставуваат како визија за стабилна, современа и европски ориентирана држава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 6 часа

— реклама —
media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 7 часа

media-librarytl4s1o9tc5madjcapdP

Од внатрепартиска пресметка до Обвинителството: ВМРО-ДПМНЕ бара предмет за хеликоптерите на Петровска

Македонија | пред 1 ден

media-library4mr90ecno7407VIyD4u

„Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања