Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да не молчи, Заев и Филипче ги злоупотребиле државните институции за насилно преземање на болницата Жан Митрев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-39-9960PM

Сведоштвото на Жан Митрев јасно  покажува дека Заев и Филипче брутално ги злоупотребиле институциите. Заев и Филипче смислиле план и со помош на злоупотреба на државните институции, закани и притисоци се обиделе да ја преземат болницата Жан Митрев, вели ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Заев како премиер и Филипче како министер за здравство ја користеле државата за да остварат лични и бизнис интереси.  Преку Фондот за здравствено осигурување, тие систематски ја зголемувале сумата која болницата „Жан Митрев“ ја добивала од државата, за во периодот од 2017 до 2020 година таа да порасне за над 320 милиони денари, односно околу 5 милиони евра народни пари.

Од 360 милиони денари вредноста достигнува 682 милиони денари. Ова е доказ дека Филипче и Заев сакале да ја преземат болницата по багателна цена и на тој начин државните пари на крај да завршат во џебовите на Филипче и Заев.

— реклама —

На Заев и Филипче во целокупното владеење единствена цел им биле сопствените интереси и енормно богатење на грбот на народот.

Во намерата за остварување на сопствените лукративни цели и бизнис интереси не се штеделе ниту тие ниту пак државата. Ги злоупотребиле институциите, ургирале во судството и обвинителството, го искористиле ФЗО, и ги злоупотребиле народните пари за приватни интереси.

ЈО да не молчи. ЈО да го истражи случајот. Владеење на правото и правдата мора да има“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања