„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

ВМРО-ДПМНЕ: Канализационата мрежа од неколку стотина метри која Заев ја претстави како капитална инвестиција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје

Зоран Заев уште еднаш покажа зошто СДСМ не треба да управува со Владата на Република Македонија.На Заев му требаа неколку минути за да наброи три капитални инвестиции кои се направени од оваа влада, збунето гледајќи во новинарот во првите неколку секунди го даде одговорот, дека оваа влада нема направено ништо, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Според партијата, канализационата мрежа од неколку стотина метри која Заев ја претстави како капитална инвестиција по долго размислување е срам од невиде и размери. Наместо нови патишта и пруги, премиерот како капитални инвестиции претставува канализациони мрежи.

,,Заев не спомна ништо за 600 километри автопат, 550 километри магистрални патишта и 1.100 километри локални патишта кои ги ветуваше пред изборите од пред две години. Не спомна зошто ништо не направи.Заев уште еднаш покажа дека нема сработено ништо, се фалеше со проекти на ВМРО-ДПМНЕ како пругата од коридор 8 од Куманово до границата со Р. Бугарија.

— реклама —

Закукулено замумулено Заев вели дека за него не е непотизам вработувањето на роднини на функционери од власта, патем признавајќи дека во изминатиов период распишал над 15.000 огласи во јавната администрација. Каде и кој се е вработен во јавната администрација, за која додека беа опозиција велеа дека е превработена.Како сега државниот апарат кој беше гломазен стана место за вдомување на партиски подобните.Заев многу зборуваше, но малку кажа, но едно потврди, дека ниту тој ниту СДСМ можат да ја водат државата. Црнилата мора да станат минато. Оваа власт мора да си замине”, се додава во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања