Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски изјави дека ќе ги прифаќаат барањата на СДСМ и Левица за надзорна расправа и Анкетна комисија за трагедијата во Кочани, но, расправата да биде проширена и со другите трагедии.
,,Ние соопштивме дека треба прво да почекаме да заврши судењето, па потоа да влеземе во ваква операција.Но, со оглед на тоа дека вчера и СДСМ и Левица укажаа дека ќе поднесат такво барање, ние таквото барање ќе го прифатиме. Но, кога разговараме за една ваква тема за која што ние исклучиво кажуваме дека е злоупотребувана за некрофилско добивање политички поени, треба ваквата Анкетна комисија да проширена и за сите да биде проширена и за сите други трагедии за кои нема ни кривична, ниту човечка, ниту политичка одговорност”, изјави Стојаноски.