ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС-ДУИ на дело и во опозиција, пратениците на Али и Венко гласаа против безбедноста на граѓаните во сообраќајот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-library7uf3j4t4930q7aGtrZz


Коалицијата СДС и ДУИ во текот на вчерашниот ден во Собранието уште еднаш докажа дека функционира следејќи ги само своите интереси и не поддржува ништо корисно за граѓаните, велат од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Измените на Законот за прекршоци со кои се заокружува правната рамка за функционирање на проектот „Безбеден град“ не ја поддржаа пратениците од овие две опозициски партии.

— реклама —

Во текот на вчерашниот ден граѓаните сведочеа на СДС-ДУИ коалиција на дело, коалиција која функционира и во опозиција, коалиција која не се грижи за безбедноста на граѓаните во сообраќајот.

— реклама —

СДС и ДУИ едноставно стапија во брак кој е против безбедноста и животите на граѓаните.

И за што беа СДС и ДУИ против, беа против систем кој дава резултати.

Безбеден град е систем кој на првиот ден на функционирањето регистрираше околу 110 илјади прекршоци, а истите беа намалени на половина за 24 чaса.

Дека безбеден град е потребен говори и  фактот што Македонија е над европскиот просек кога станува збор за жртви од сообраќајни несреќи. Европскиот просек е 45 жртви годишно на еден милион жители, а бројката во Македонија е 65 жртви годишно на еден милион жители.

Сите препознаа дека станува збор за корисен проект освен СДС и ДУИ“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања